Забрчанец: Не одобрувам цензура и молк на тема дезинформации

Во своето гостување во Телма, националниот координатор за стратегиски комуникации и спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, посочи дека не поддржува цензура во секоја смисла на зборот и дека ниту еден политички чинител не смее да биде цензуриран, вклучувајќи го и СДСМ.

„Сакате да одобрам дека СДСМ  не смее да биде гласен на тема справување со дезинформации? Не одобрувам. Мислам дека тоа е цензура. Да му забраните на СДСМ или било кој друг политички чинител, општествен чинител, да зборува против феномен којшто му штети на населението е цензура“

Слични содржини