При ваква внатрепартиска „доминација“ на Заев, СДСМ можеше и поинаку, но одлучи да вложува, наместо да печали партиски и лидерски поени.
СДСМ можеше да оди и без избори на кутија, и без ажурирање на членството, и без дигитализација, и без нови политики.
СДСМ можеше да оди стандардно и конзервативно, со величање на лидерот, со покажување на неговата моќ и големина и со сѐ што гледавме изминатите 20 и кусур години наназад. СДСМ можеше и да измислува и фејка и втор и трет кандидат.
Но, наместо да користи партиски од неприкосновеното лидерство на Заев, СДСМ одлучи да вложи во демократизација на партиските навики во земјава. СДСМ одлучи изборот да биде ЗА или ПРОТИВ Заев наместо да нуди заокружување на Единствениот како единствена опција.
СДСМ одлучи да погледне како е низ светот и да создаде нов македонски модел за дигитални, Ковид безбедни, опторни на манипулации, современи и крајно демократски партиски избори. СДСМ одлучи да го употреби лидерството на Заев за да му подари на македонскиот плурализам модел за внатрепартиска демократизација.
Јас не сум член на СДСМ, но силно ги поддржувам демократските процеси во партијата и ќе иницирам СДСМ да го објави јавно моделот (системот/кодот) за организација на ваквите избори и да го направи достапен за сите политички партии, а пред сѐ за ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што е добро нека биде достапно за сите. Најважната вест денес не е победата на Заев туку тоа дека денес е Денот кој партиите во Северна Македонија неминовно ќе ги „турне“ напред.
ФБ статус на Марјан Забрчанец