375
Телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев со лажна Грета Тунберг беше хибриден сложен напад кој беше спроведен вврз владата, вели националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.
Тој вели дека владата навремено открила дека станува збор за хибриден напад.
-Ние излегов и го откривме дека во овој случај станува збор за пренкерите кои извршија хибриден напад.Овој напад се нарекува хибриден бидејќи е мешавина на повеќе типови интернет, дипломатија … тој телефонски разговор се појави три дена пред изборите, објасни Забрчанец.