Забрзување на реформскиот процес: Шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан

од Nikola Popovski
430 прегледи

ЕУ планира со шест милијарди евра инвестиции да им помогне на земјите од Западен Балкан во спроведувањето на реформите неопходни за европска интеграција, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина треба да ја искористат оваа можност за проширување на ЕУ и да работат на усогласување на нивните стандарди со стандардите на блокот“, рече шефицата на ЕК за време на нејзината посета на Скопје.

Фон дер Лајен вчера беше во Скопје во рамки на посетата на земјите од Западен Балкан.

Таа денес ќе ги посети Подгорица, каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.

Попладне ќе го посети Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ.

Во среда на први ноември ќе ја посети Босна и Херцеговина.

Европската комисија претходно најави дека ова ќе биде можност да се разговара за билатерална соработка, а особено на лидерите ќе им биде претставен подетален план на ЕУ за раст на Западен Балкан, пренесува СРНА.

Слични содржини