666
Најџела Лосон е креативна во своите комбинации на храната и уникатните рецепти. Позната е по тоа што она што го готви, останува свежо цела вечер додека имате гости.
Една од нејзините омилени салати е од зелка и пиперки, со специјален дресинг со егзотичен вкус.
Состојки:
1 кг зелка
3 жолти бабури
Млад кромид
Магдонос
Сок од ананас
Сусамово масло
Сок од лимон
Сол и бибер
Подготовка:
Исецкајте ги зелката, кромидот и пиперката на ленти. Зачинете. Во сад настрана измешајте сок од ананас, сок од лимон и сусамово масло. Прелијте врз салатата. Служете ја ладна. За подекоративно да изгледа, користете црвена зелка.