Задолжителна информација за оние кои ја примиле вакцината „Синофарм“

од Vladimir Zorba
455 прегледи

Американските научници се огласија! Ако сте ја примиле вакцината „Синофарм“, задолжително прочитајте го текстот! Истражувачите од „Синофарм“ и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека околу 40.380 учесници учествувале во истражување.

Две вакцини од кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни против Ковид-19, според студијата објавена во Медицинскиот журнал на Американската медицинска асоцијација.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а едната од нив неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација за итна употреба, објави „АП“.

Извештајот заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, или 78 проценти, како што претходно тврдеше „Синофарм“.

Истражувачите од „Синофарм“ и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека околу 40.380 учесници учествувале во истражувањето.

Две вакцини

Користени се две вакцини „Синофарм“, едната е изработена од Институтот за биолошки производи во Вухан, другата развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, и плацебо.

Истражувањето е спроведено во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, но сепак, студијата покажа само податоци за Бахреин и ОАЕ.

– Нема ништо многу изненадувачки. Тоа е во согласност со она што тие претходно го тврдеа, но не ги отстранува целосно сомнежите за „Синофарм“ – рече Џин Донг-јан, професор по медицина на Универзитетот во Хонг Конг, кој не беше вклучен во студијата.

Ја примија милиони низ целиот свет

Вакцините, обете направени од инактивирани вируси, веќе се дадени на милиони луѓе ширум светот.

Светската здравствена организација ја одобри вакцината „Ковид-19“ за итна употреба на институтот за биолошки производи во Пекинг, на почетокот на мај, така што таа е прва кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Слични содржини