Задоружњук: Киев не падна за 2 часа, стоиме до крај

од Nikola Popovski
330 прегледи

Пресметките на рускиот режим да ја заземе Украина за 6 часа и Киев за 2 часа не се остварија. Стоиме и ќе стоиме заедно до крај, вели украинската амбасадорка во Македонија, Наталија Задоружњук во брифинг со медиуми.

Според неа, руските сили продолжуваат да изведуваат моќни артилериски и воздушни напади врз цела Украина.

-Го разнесоа гасоводот во Харков. Застрелан е автомобил во кој патувало семејство и убиле пет лица, меѓу кои две деца. Тенкови пукаа врз цивилен автобус. Застрелано е и цело семејство со три деца, информира амбасадорката.

Таа додаде дека во текот на претходните три дена загубите на руската страна се бројат во 4 300 војници.

Слични содржини