Задоволство за око и непце: jадењe од најдобриот ресторан во светот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Њујоршкиот ресторан Eleven Madison Park беше прогласен за најдобар во светот на церемонија во Мелбурн, соопштија светските агенции.

Шеф на ресторанот е роден во Швајцарија Даниел Хaм. Ресторанот за прв пат го зазема водечкото место. Минатата година тој беше трет.

На второ и трето место се ресторани од минатата година – италијанскиот “Остерија Фраческана” во Модена, и шпанскиот “Ел Селер де Кан Рока”. “Остерија Фраческана” останува најдобар ресторан во Европа.

Најдобар готвач во светот е Французинот Доминик Ансел, кој исто така работи во Њујорк.

Рангирањето на “50-те најдобри” се подготвува за 15-та година од страна на Академијата на 50-те најдобри ресторани во светот, која се состои од 1000 влијателни кулинарски автори, критичари, мајстор-готвачи и ресторани.

Видете во нашата галерија дел од јадењата кои се служат во Eleven Madison Park.