Заедничка литургија во Охрид: МПЦ ја одбележува годишнината од Томосот за автокефалност што го доби од СПЦ

од Nikola Popovski
374 прегледи

Со заедничка епископска литургија во црквата Света Софија во Охрид, денеска Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе ја одбележи годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност од страна на Синодот на Српската православна црква. Ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ-ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Ова стана возможно откако на седницата на 20 мај годинава, Советот на Српската православна црква одлучи да и додели канонска диспензија на Православната охридска архиепископија и да ја интегрира во МПЦ.

На 5 јуни минатата година, српскиот патријарх Порфириј на поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан му предаде чин со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по богослужбата во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со што СПЦ ја одобри автокефалноста и со што заврши 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Слични содржини