Заедничка седница на македонската и албанската влада на 15 декември во Поградец

од desk2
61 прегледи

Претставниците на Владите на Република Македонија и на Република Албанија ја договорија заедничката меѓувладина седница која е предвидено да се случи на 15 декември во Поградец, Албанија.

Како што соопштија од Владата, на неа ќе се разговара на повеќе теми, а во фокусот на седницата ќе биде унапредување на заемната соработка во повеќе области.