За помалку од четири години, повеќе од 9,000 домаќинства во Западен Балкан инвестираа над 45 милиони евра во технологии за заштеда на енергија како што се изолација, топлински пумпи, нови прозори или соларни панели, благодарение на регионалната Програма за финансирање на зелената економија (GEFF).
Како признание за заедничките напори на донаторите на ГЕФФ, партнерските финансиски институции, производителите и продавачите на зелени технологии, ЕБОР донираше 1.000 дрвја, кои ќе бидат засадени во регионот оваа есен. Зелената награда се доделува во чест на 18-те партнерски финансиски институции, кои се придружија во првата фаза на програмата и на 32 –те најактивни и најпосветени продавачи.