Заеднички коктел на С.Македонија и Албанија по првата меѓувладина конференција во Брисел

од Nikola Popovski
133 прегледи

Попладнево во седиштето на ЕУ во Брисел се организира заеднички коктел на Северна Македонија и Албанија по одржувањето на Првата меѓувладина конференција.

На коктелот присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и членови на двете владини делегации и новинари од двете земји.

Рама не изневери на својот имиџ и повторно се појави во спортска варијанта со бели патики.

Премиерот Ковачевски исто така видно расположен присуствуваше на заедничкиот коктел.

Фото: Локално

Слични содржини