Заев: 190 милиони денари за АД Водостопанство ќе бидат за капитален развој

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Дел од капиталните инвестиции поврзани со водостопанство, наводнување, водоснабдување и одводнување спаѓааат во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Управата за водостопанство и АД „Водостопанство“. На крајот на годината очекуваме да направиме мултифункционално решение, во кое помагајќи ги јавните комунални претријатија кои што должат према АД Водостопанство 298 милиони денари обврски од 2013 наназад, Владата ќе интервенира со 200 милиони денари, а 98 милиони денари АД Водостопанство ќе ги избрише од обврски и за нив ќе плати 10 осто данок на државата како застарени побарувања, избришани побарувања.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев по пуштањето во употреба на училишна спортска сала.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека 190 милиони денари за АД Водостопанство ќе бидат за капитален развој.

-Во делот од тие програми се и регулациите на Вардар и регулациите на другите системи за одводнување кои постојат во државата, но и санација и доизградба на системи за наводнување, изјави премиерот Заев од Јегуновце.

Слични содржини