Заев 3 часа во ОЈО за кривичната за поткуп, јавно праша дали Светлана Костова има безбедносен сертификат

од desk3
169 прегледи

Првиот опозиционер Зоран Заев, денеска помина 3 часа во обвинителствот по кривичната пријава поднесена од МВР за наводно примање поткуп.

zaev21
“Почетните делови од изјавата денеска ги изнесовме и ќе продолжиме и наредната недела со овој предмет. Јас нема да изнесувам детали од доказите, но ова е смешна работа. Ова е прв предмет во кој што нема пари, а се гони за пари. Ова е предмет кој јас го прекинав и јавно информирав за име и презиме на личноста која што со месеци се обидува да направи „местенка“, од причини кои што можам само да ги претпоставам – изјави Заев.

Во врска со последната бомба која Заев лично ја објави тврди дека токму од телефонските разговори може да се заклучи дека Светлана Костова вршела работи откако веќе станала судија и затоа јавно праша дали таа поседувала безбедносен сертификат.

“Во соопштението се вели дека парите биле за даноци и одредени давачки кон државата. Кога тоа од странство се плаќаат давачки или донации, или Република Македонија самата си ги плаќа или донациите ги ослободува од давачки, а се заради доброто на држава. Но тие велат дека требало со тие пари да се платат даноци и царини. Царина за донација од странство никогаш не ја плаќаат тие од надвор. Ќе го поставам прашањето, а вие треба да го проверите дали Хаим Хакеин се пензионирал во 2007 година и бил советник на приватна фирма и консултат на приватна фима која ја испорачува донацијата или провизијата? Донации се слеваат на посебни сметки. Има институции во државата кои се грижат за тоа, не може донацијата да остане нерегистрирана – рече Заев.
Полцијата тврди дека наводно Заев зел поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште.