Заев: Ако се донесе Законот за легализација, не значи дека секој објект ќе се легализира

од Andreja Salpe
345 прегледи

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција при увидот во градежните активности на ул. Орце Николов во Општина Центар, истакна дека ако се донесе Законот за легализација не значи дека секој објект ќе се легализира.

– Имаме објекти кои што се времени градби и тие не подлежат на правото на легализација и имаме објекти кои што имаат несоодветни намени на плановите и тие исто така не подлежат на легализација. Без разлика дали се работи за времениот објект на кале, дали за објектот кај Мавровка. Ова се објекти што не дозволивме траен објект да се изгради. Законот за легализација дава можност за остварување на право, заа сочувување на домот на граѓаните, посебно на оние граѓани кои се под прагот на сиромаштијата, истакна Заев

Слични содржини