ЗАЕВ: Ама Груевски знае дека нема да има избори на 5 јуни

од Vladimir Zorba
68 прегледи

-Лидерот на опозицијата во „кризната“ Македонија вчера изјави дека е убеден дека изборите закажани за почетокот на јуни нема да се одржат и дека парламентот ќе свика седница – пишува агенцијата Франс прес.

4222-ZZaev_cestitki1

Во интервју за Франс прес Заев изјави дека предвремените избори треба да се одложат, можеби за есента, се додека не бидат исполнети условите за слободни и фер избори.

-Парламентот беше распуштен минатиот месец  како дел од договорот закрај на политичка криза во кој посредуваше ЕУ. Социјалдемократискиот сојуз (СДСМ) и двете  други клучни партии ДУИ и ДПА, одбија да учествуваат на изборите – пишува ФП.

-Знам дека избори нема да се одржат на 5-ти јуни – рече Заев и се повика на разговори меѓу претставници на меѓународната заедница и политичките партии, рече Заев.

– Заедно знаеме дека изборите ќе бидат одложени – рече тој во разговорот направен кратко по средбата со Јахенс Хајндл.
Заев очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност со македонските закони ќе го повикаат Велјановски да свика седница и додаде дека ДИК најверојатно, ќе објави “дека условите за избори не се исполнети”.

Слични содржини