Заев: Банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден, а стапката на невработеност бележи намалување

311 прегледи

Во рамки на денешната прес конференција, премиерот Зоран Заев посочи како се одвива економскиот дел во земјава, односно ги сподели информациите од Министерството за финансии во однос на буџетот и приходите во првите три месеци од оваа календарска година.

„Полнењето на државната каса оди според планот и приходите се на повисоко ниво. Во првото тромесечие приходите се 22,8% од вкупно планираните за 2021. година. Истите се повисоки за 4,4% од приходите споредбено со истиот период од минатата година. Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на минатата година. Сето ова се должи на преземените мерки, и довербата на стопанството за предвидените чекори и мерки. Мерките чинеа 860 милиони евра“, истакна Заев кој во продолжение посочи како изгледале пакетите кои се реализираа.

 

„Во мерките беа вклучени сите засегнати страни, и истите беа транспарентни. Исто така овие мерки го ублажија ударот од пандемијата, а истото го потврди и меѓународната заедница“, додаде Заев.

Заев посочи дека покрај мерките, без престан се дејствува и со кредитирањето на работниците. Исто така, потенцирам дека Банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден. Во таа насока, и стапката на невработеност бележи намалување, и истата во 2020. година е 16,4%, или 0,9% намалена во однос на претходната година.

Слични содржини