351
Премиерот, Зоран Заев во рамки на денешниот христијански празник – Прочка, се огласи на својот фејсбук профил и испрати честитка до сите граѓани.
„Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.
Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите.
Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани.
Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден“, се вели во објавата на Заев.