Заев денеска на средба со Села и Касами

од desk4
95 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска  ги почнува најавените средби со лидерите на партитите од  Собранието  со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.

Владеачката коалиција е во потрага по двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на измените во Законот за јавно обвинителство, со кои се дефинира статусот на Специјалното јавно обвинителство.ЗАев е оптимист дека ќе успее да го обезбеди парламентарното мнозинство особено поради тоа што судбината на СЈО е услов за почетокот на преговорите со ЕУ.
  Во потрага по парламентарна  блокада  пак на изгласувањето на законот,  пред два дена,  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  се сретна со осумте независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по нивното гласање за уставните измени.

 Европската комисија бара овој закон да биде донесен со широк консензус и така да се зацврсти неговата иднина како услов земјата да добие датум за преговори со ЕУ во јуни.