
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе ги посети жителите на скопските населби коишто беа најпогодени од поплавите и силното невреме.
Посетата на Заев започнува во 11.30 часот на влезот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“).
Заев ќе ги посети жителите на скопската населба Ченто и жителите од Стајковци, а ќе биде поделана и хуманитарна помош во сите погодени подрачја, соопшти СДСМ.