На испраќањето на македонската фудбалска репрезентација, премиерот Заев на фудбалерите и на стручниот тим им посака успешен настап на ЕУРО 2020, среќа, добра тимска игра и фер плеј и да продолжат со успесите со кои веќе испишуваат нови страници во историјата на македонскиот фудбал пласирајќи се на Европското првенство.
„Сакам уште еднаш да ви се заблагодарам и да ви оддадам почит од сè срце, за тоа што нè израдувавте и нè правите горди Македонци! Сакам да ви посакам успех, добро здравје и одлична тимска игра! Секако ќе се радуваме на сите ваши, било какви резултати! Сакам посебно да истакнам, дека вашето вложување на теренот, умешноста, храброто срце на терените, нас гледачите нè прават посебно горди и сите ние заедно испраќаме пораки на поврзаност и заедништво“, потенцираше премиерот Заев.