Заев: Договор вреден 2,4 милиони евра од Германска банка за енергетска транзиција и почисто производство на електрична енергија

302 прегледи
Во рамки на потпишувањето на договорот со Германската банка за „Програмата за обновливи енергии“ вреден 2,4 милиони евра, премиерот на С.Македонија, Зоран Заев изрази задоволство што ќе се овозможи забрзување на темпото кон енергетската транзиција и почистото производство на електрична енергија.
„Го забрзуваме темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, преку користење обновливи извори на енергија и замена на јагленот со гас.
Денеска потпишавме договор за грант во износ од 2,4 милиони евра неповратни средства преку Германската банка за развој KfW од „Програмата за обновливи енергии“, за физибилити студии и студии за влијанието на животната средина. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти.
Со грантот се поддржуваат проектите:
Фотоволтаични електрани во РЕК Битола со капацитет до 140 MW;
Рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани;
Изградба на нов ветерен парк во Миравци;
Модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба
Соларна топлификација во Битола.
Со имплементацијата на овие енергетски проекти би се зголемило производството на електрична енергија за околу 650 GWh“, стои во фејсбук објавата на премиерот, Зоран Заев.

Слични содржини