Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на МРТ доколку епидемиолошката состојба во Македонија се влоши хронично болните повторно ќе бидат ослободени од работа.
Вели дека луѓето, вклучително и хронично болните повеќе се надвор отколку дома.
-Следејќи ги развојот на инфицирани и оние граѓани кои што имаат хронични болести и оние граѓани кои што немаат ги следиме под напатствија на здравствената комисија и се водиме строго професионално. Затоа се донесе одлука сите да тргнат (на работа) сѐ додека не постои ризик. Ако постои било каков ризик сите сме секој ден тука и транспарентно ќе ги носиме комплетно одлуките. Хронично болните граѓани дефинитивно во делокругот на своето работење, еден дел и одат на работа зашто се одлучиле да одат, рече Заев.
Според него, една од причините за одлуката хронично болните да се вратат на работа е тоа што кога се на боледување не можат да ги остварат приходите кои би ги оствариле доколку работат.