Заев ги демантира обвинувањата дека му дал „бомби“ на Груби

од Берта Китинска
245 прегледи

Не е точно дека некој некому дал некакви материјали за да биде моќен, вели премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“ демантирајќи ги  обвинувањата на поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини кој кажа дека на првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, премиерот му дал необјавен материјал од „бомбите“ (прислушуваните разговори) со цел тој да биде „моќен“ во ДУИ.

– Целосно ги негирам овие инсинуации. Не е точно дека некој некому дал некакви материјали за да биде моќен. Материјалите се предадени на обвининителството уште во 2017 година. Целосно ги отфрлам овие обвинувања како неточни и тенденциозни. Груби по функција е прв вицепремиер затоа што така одлучил коалицискиот партнер ДУИ. Тој исто така е секретар на ДУИ колку што знам јас – изјави Заев.

Слични содржини