Премиерот Зоран Заев во изјава за „А1он“ ги повика истражните институции да ја проверат работата на Национална агенција за европски образовни програми. Тој ја повика и директорката на Националната агенција, Лидија Димова, веднаш да излезе пред јавноста и да ги презентира сите детали во врска со распределбата на европските пари.
– Лидија Димова веднаш да излезе и на прес конференција да ги презентира целосно транспарентно сите детали во врска со начинот на распределба на средства од европските фондови наменети за образование и млади. Димова целосно и прецизно треба да ги адресира прашањата на кои реагира јавноста и за кои се јавува сомнежот. Исто така, ги повикувам истражните институции до детал да ја проверат работата на Националната агенција за мобилност и во најбрз можен рок сите да добиеме веродостојна информација, изјавил Заев.