Адвокатите на Заев денеска побараа од Зврлевски да не го чува “во фиока” предметот за насилство врз власта

од desk3
127 прегледи

Адвокатски тим на Заев денеска поднесе Барање за заштита на законитост против Пресудата на Звонко Костовски до Јавното обвинителство, во кое посочуваат дека Зврлевски веќе три месеци не ја процесуира иницијативата на Зоран Заев и адвокатскиот тим .

Baranje, 09.06.2015

Со иницијативата, врз законска основа, се оспорува Пресудата против Звонко Костовски.

Како што е познато во јавноста, Пресудата е осуда на казна затвор од 3 години за Костовски, по неговото признание дека е виновен – дека наводно прислушувал по налог на Верушевски.

Овој документ, поднесен денеска до Марко Зврлевски, е укажување до Зврлевски дека три месеци не го процесуира Барањето на адвокатскиот тим.

Пресудата против Костовски е дел од Обвинителниот акт против Зоран Заев.

Според адвокатскиот тим на Заев, ако Зврлевски го процесуира Барањето, ќе падне пресудата против Звонко Костовски, а со тоа ќе падне и предметот против првиот опозиционер Заев.