Заев и Груевски со Мендух и Али, без олеснувач , на клучната лидерска средба

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Денеска нова лидерска средба меѓу власта и опозицијата. По директната средба на Груевски и Заев во Стразбур за денеска се очекува да биде потврдено или одбиено тоа што било поставено како рамка и можна разврска. За сега две сценаријан се во игра. Едното е политичка влада -преодна влада,во која би партиципирале сите и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и ДПА, ама на чело со Груевски, и втората,  исто сите во неа, но без Груевски на чело, но како позиција и  избраник на ВМРО ДПМНЕ. Другите барања на опозицијата не биле спорни, Груевски  прифаќа се што треба да даде и да  исполни. Иако навидум во Стразбур изгледало дека има надеж, сепак денеска во Скопје ќе се знае која ќе биде следната фаза  и каква ќе биде разврската.Ова е  е крај на периодот и изјавите „ се договоривме за да се договараме“  и со оваа и евентуално уште една средба ќе биде се финиширано  се под назнака  „преговори и решенија“!

зај- груј

Амбасадорскиот мониторинг останува и за денешната средба но,ЕУ  изгледа нема да го  испрати најавениот од Стразбур свој претставник олеснувач  на оваа ,скопсава лидерска средба. По последните разговори што се одржаа минатата недела во Стразбур од опозициската СДСМ кажаа дека  е договорено и се очекува Унијата да испрати свој човек кој  во иднина би бил олеснувач во разговорите меѓу власта и опозицијата.

Според  партиски извори средбата која е закажана за денеска  во клубот на пратеници ќе се одржи во истиот состав како и до сега. Ќе учествуваат лидерите на четирите најголеми партии  Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав