Заев и Груевски во среда ќе одлучат која влада ќе спроведува избори или ќе има ли?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 Првата точка највиско на договреното во резиденцијата во скопско Пржино,  за излез македонскта криза, меѓу Заев и Груевски е нова европска (преодна) влада за спроведување на договореното. Тоа во ниту еден момент не го соопштува премиерот Гуевски ниту комесарот Јоханес Хан . Или може и обратно Хан нема дадено изјава во која вели дека актуелната Влада треба да ги спроведе предвремените избори најавени за април 2016 година.Значи следува дека владата на Груевски не останува, ниту во тој формат ниту со таа структура.

johanes-han-540x248

Црвената линија на СДСМ е нова влада која ќе го спроведе договорот или нема ниту да има предвремни избори.ВМРО ДПМНЕ молчат и нивните мегафони тераат кампања дека СДСМ се плаши  од избори. Во таков пакет  нема големи очекувања од 10 јуни и авторитет за  Брисел како европска разврска на македонсктаа криза.

Следен чекор е делегирање на специјални претсавници на САД и на ЕУ за излез и нови преговори. Веројатно  тоа ќе биде поубедително, иако делегирањето на специјален претсатвник од ЕУ ќе значи губење на препораката на Македонија. Хан мора со нешто, да казни , да се закани заради својот неуспех.

Сепак Груевски во последната негова изјава нагласи дека нема да дозволи назадување и агонија за граѓаните и процесите за излез од кризата,  и најверојатно во среда ќе прифати преодна влада од каков и да е формат.Предлозите се договорени да бидат презентирани во Брисел од сите партии кои учествуваат во преговорите. За СДСМ останува нејзиното сигурно НЕ во џеб на патот кон Брисел, или некоја друга модулација од комбинирана влада со прецизирани ингеренции.