Заев и Царовска постигнаа договор со ПМФ за Колективниот договор

од Andreja Salpe
307 прегледи

Денеска на Природно-математичкиот факултет остварија средба Премиерот Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со деканот Александар Скепаровски и продеканите на факултетот на која беше дебатирано за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука.

Во изјавата за средбата премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор којшто неколку претходни Влади не успеја да го остварат.

„Ние во последните две-три години, низ инклузивна размена на мислења со управите на високо-образованите институции и со синдикатите, успеавме да го доведеме до неговата завршница. Со Колективниот договор е предвидено и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во 2021 година и во 2022 година. Со стабилизацијата на економската ситуација од последиците од панедмијата со КОВИД-19, ваквата динамика на раст на платите ќе продолжи и до 2025 година”, истакна претседателот на Владата Заев.

Со овој Колективен договор за прв пат по 30 години се уредува системот на плати во високото образование и се спречуваат неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование. Дополнително колективниот договор за прв пат ја уредува и основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование.

„Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи тешкотии од страна на високообразовните установи”, нагласи Заев.

Слични содржини