Заев и Ципрас ја примија мировната награда на Вестфалија

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска на церемонија организирана во Мунстер, Вестфалија, ја примија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година.

Заев заблагодарувајќи се големото признание изјави дека со неговиот пријател Ципрас одлуката, да го решат деценискиот спор меѓу македонската и грчка држава, ја донеле со цел да отворат нови визии и меѓусебна соработка за народите на државите.

-Рековме дека нема да дозволиме процесот да заврши без решение. Одлучивме со Алексис да најдеме решение, а не да го одолговлекуваме процесот. Целосно бевме свесни дека ги изложивме нашите политички кариери на ризик, но поважна ни беше иднината и затоа најдовме решение. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа, рече Заев.

Слични содржини