Отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите, како и одржување на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев и Питер Ванхауте, белгиски експерт и поранешен посредник на ЕУ, кој помагаше за реализирање на поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе.


– Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава, оценувајќи ги како исклучително позитивни економските мерки кои се преземаат за стабилна бизнис клима и привлекување странски инвестиции преку воведување нови економски мерки што се темелат на фер и транспарентна распределба, како и чекорите кои придонесуваат за јакнење претставници на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Македонија на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција, соопшти владината прес-служба.

Заев на средбата со Ванхауте и со претставниците на ИРИ во Македонија истакнал дека Владата е отворена за соработка и е добредојдена секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварување на реформите

Според соопштението, директорката на Програмата на ИРИ во Македонија, Илина Мангова и Марија Саздевски, менаџер на Програмата за финансии, го поздравиле унапредувањето на владеењето на извршната власт и изразиле поддршка за реформите и остварувањето на Планот 3-6-9. Го запознале премиерот Заев со практиките и препораките за управување во сферата на јавната администрација и за односите на Владата и Собранието давајќи поддршка на актуелните реформи во државата.

Слични содржини