Заев и Верушевски на распит во Обвинителството за случајот „Пуч„

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска повторно треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“. На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“.

Zoran-Zaev-kongres-sdsm-2013_049-520x349

Денеска на пладн е и поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски ќе даде исказ за аферата „Пуч“ во која тој е уапсен, а е осомничен само за поседување на оружје.

Покрај Верушевски, уапсена е и неговата сопруга Соња, која исто така е во притвор, која беше пронајдена во станот на треоосомничениот Благоја Палифров.

Неодамна падна и првата пресуда. Поранешен вработен во МВР го призна делото и доби 3-годишна казна затвор.

Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.