Заев – Иваниќ: Стабилноста и мирот се приоритет за Македонија и земјите од регионот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретнал со делегација на Босна и Херцеговина предводена од претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за унапредување на долгогодишната соработка и пријателство помеѓу девете земји како и за итноста и важноста од деболкада на демократските процеси во земјата што е интерес и на Македонија и на регионот.

Заеднички било констатирано дека стабилноста и мирот во земјата се врвен приоритет за граѓаните на Македонија. а исто така се важни и за земјите од регионот.

Затоа, било истакнато, институциите на системот мора да овозможат продолжување на демократските процеси во земјава.