Заев: Извештајот на Европската комисија ги потврди сите наши ставови

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Од вчера сум малку посреќен човек од порано, оти освен што сум водач на движење за смена на власта, со извештајот на Рајнхард Прибе, Европската унија ги нотираше сите работи за кои зборевме. Ако ние досега објавивме 38 бомби, овој извештај што вчера го добивме сам по себе е 40 бомби заедно.

zaevИако од вчера го имаме, ни е кажано дека утре ќе биде објавен, со сите рокови за негова имплементација. Јас сум среќен што овој извештај ќе донесе промена од она што за нас значи автократски режим, диктатура… – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашната емисија 24 Анализа на телевизијата 24 Вести.

Овој извештај имплицира оставка на Груевски, имплицира заминување на Ахмети, имплицира сите да се ослободиме од нашите суети и да ги имплементираме сите препораки, рече лидерот на СДСМ.