Заев: Јанева ќе ги чешла и „Монструм“, „Куманово“, „Телеком“ и Бошкоски ако ги има во „бомбите“

од desk3
108 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ја исклучува можноста Специјалниот јавен обвинител да ги разгледува и случаите „Куманово“, „Монструм“, „Маѓар телеком“ и случајот  на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

12032372_10206225062498707_1951185539_n

Заев, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кажа дека надлежност на специјалниот обвинител ќе биде сè она што се спомнува во „бомбите“.

– Ако има разговори за „Монструм“, а како што знаеме сите, има такви разговори од неовластеното прислушување, тогаш тој случај влегува под надлежност на специјалното обвинителство. Ако има разговори за „Маѓар телеком“, тогаш и тоа ќе биде предмет на разгледување од специјалниот обвинител – одговори Заев.

На прашање дали постојат снимени разговори во кои се споменува случајот со „Маѓар телеком“, Заев рече дека тоа ќе го остави на обвинителството.

 

МЕТА