Каков ќе биде светот после Ковид 19, зависли исклучиво од нас, но затоа сега имаме можност истиот да го направиме подобар, истакна премиерот Зоран Заев.
На неговиот фејсбук профил, тој истакна и дека е нормално што очите на јавноста се вперени кон лидерите, со цел да се изнајде брзо и ефикасно решение, но и потенцираше дека овој невидлив непријател, за многу кусо време покажа дека не ги познава границите.
Во својата објава на фејсбук Заев посочи и дека се обратил на Парискиот форум за мир, кој оваа година поради ситуацијата е преку видео врска, а фокусот се разбира е пандемијата со Ковид 19.
„Секојдневно се обидуваме да изнајдеме соодветен одговор на кризата која треба заеднички да ја надминеме. Тука сме сите заедно да размениме идеи и најдобри практики со цел да изнајдеме решение за овој предизвик. Единството и солидарноста се потребни повеќе од кога било“, истакнаЗаев.
Исто така тој, додаде и дека претседателот на Франција, Емануел Макрон во своето обраќање подвлекол дека како никогаш досега на светот му треба нов консензус за прашањата од интерес на сите граѓани на глобално ниво, како што се пандемијата со Ковид-19, тероризмот и климатските промени.