-Каква е таа донација дадена во кеш и дали е дозволено да се донира во кеш – напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на својот профил на Фејсбук.
„МВР-ВМРО испрати писмена реакција на денешната прес-конференција на СДСМ. Ги прашувамe каква е таа донација дадена во кеш пари и дали е дозволено донација во кеш пари? За телефонските разговори нели велевте дека се креирани, монтирани, лепени и прелепувани. Тоа почитувани е исто кога Никола Груевски се бори за што е можно поголем процент, за ’да ја заштеди државата’ а притоа го прашува Миле Јанакиевски ’А да не е многу 5%’. Господа од власта не можете повеќе да си играте со интелигенцијата на народот!“, порача Заев.
