Во рамки на прес конференцијата посветена на 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање врзано за најавените нови рестриктивни мерки против ширење на Ковид 19, поконкретно за работното време на угостителските објекти кои најавено е дека веројатно во периодот од 18. декември до 21. јануари ќе работат со скратено работно време до 18 часот.
„За делот на рестрикциите, дозволете да ги увидиме прво предлозите на Комисијата. Иако ние ги поддржуваме, предлагам да се дадат предлози. Еве и Маркоски нека даде предлог па ќе го разгледаме. Штом утре Владата се изјасни по овие прашања, ќе биде јавноста известена. Се работи за работа до 18 часот за угостителските објекти, но останува да видиме што ќе се одлучи утре“, потенцира Заев.