Клиниките од поранешниот Клинички центар во Скопје повотрно ќе се спојат, најави премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања.

– Ќе се редуцираат трошоците, нема да се плаќаат управни одбори – рече Заев.
Од Министерството за здравство даваат само кратко дообјаснување, дека оваа реформа ќе се реализира наскоро, но не кажуваат како.
Инаку поделбата на клиниките во Клиничкиот центар на посебни правни субјекти, со стручен и економски директор, посебени управени одбори и други административни оддели беше една од првите и најкритикувани реформи што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, откако дојде на власт.