Наследникот на Заев треба да има поширока поддршка на целото раководство на СДСМ, затоа што тој се избира на непосредни избори, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „24 анализа“
-Ќе се најде човек. Има луѓе во партијата, кои вистински веруваат во социјалдемократските вредности. Знаејќи го Заев, тој е човек од збор и различно е од тоа што некој сака да го прикаже и сметам дека неговата оставка е дефинитивна. Сепак, тој ќе остане до последниот момент и последниот атом од неговата енергија, доколку е потребно за нашите граѓани, додава Битиќи.