Премиерот Зоран Заев изајви дека ќе го поддржи предлогот за разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.
„Јас лично тој предлог ќе го прифатам, односно доколку Владата се согласи ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи поради етички дел. Има етички дел и мора да се понесе одговорност. За другиот дел за кривична одговорност ние не сме надлежни и не би навлегувал“, изјави Заев.
Вчера Љупчо Николовски вицепремиерот за борба против корупција рече дека Димова ќе биде разрешена според посебна процедура.
Според него, борбата против корупцијата е врвна цел на Владата, а за случајот со директорката на националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, изјави дека до премиерот Заев го доставил мислењето за целиот случај.