Во синоќешното гостување на ТВ21, премиерот Зоран Заев посочи дека самите граѓани можат да одлучат дали ќе одат на лекување во приватните клиники, но дека претходно треба да проверат што содржи државниот систем.
Премиерот истакна дека ако некој има вишок на пари, може да оди во приватните клиники, но дека истата услуга ќе ја добијат и во државните клинички центри.
„Треба да провериме што имаме во нашиот јавен здравствен систем, пред да тргнеме во приватните клиники. Ако некој има вишок пари, бујрум нека оди. Тоа се здравствени установи кои работат за пари. Ние како држава не работиме“, истакна Заев.
Имено, тој смета и дека треба да прима посебна терапија за Ковид 19. согласно препораките на Светската здравствена организација.
„Слушнав некои коментари дека се давал Ремдесивир за лекување на коронавирус, а некому не му било дадено. Не може да се дава секому тоа. Тоа може да предизвика контраефект“, рече Заев и накрајо дополни дека државниот здравствен систем ги има сите услови како приватниот систем.