Заев контра Мицкоски: Немало предупредување или разговор од странски дипломат за личните карти

од Nikola Popovski
280 прегледи

„Немам јас такво предупредување, ниту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал“, соопшти денес премиерот Зоран Заев, како одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека има сериозна забелешка од амбасадор на една соседна држава за најавата за впишување на националноста во личните карти.

Заев изјави дека Беса имале средба со амбасадорот на Грција.

„Ние сме го провериле тоа по дипломатски патишта уште во 2019 година, кога се гласа уставните промени. Нема предупредување дека е спорно, идентитетската определба на сите кои живеат во држава е нивно право“, посочува премиерот.

 

Слични содржини