308
На новинарско прашање, на прес конференцијата по повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев одговори кои се фирмите кои ќе ги набавуваат и чуваат вакцините предвидени против Ковид 19.
„Набавките на вакцините ќе ги прави нашата земја преку Министерството за здравство. Првиот механизам е Ковакс каде има 127 земји. Втората надеж се земјите членки од ЕУ, односно напорите на ЕУ да се имплементира вакцината и до земјите од Западен Балкан, идентично како и Грција која набавува дози и за нас. Во однос на чувањето, вклучени ќе бидат фирмите кои имаат соодветни ладилници, јас знам за една од нив, а тоа е Алкалоид“, посочи Заев.