Заев: Луксембург е близок партнер на С.Македонија и значителен глас во ЕУ

389 прегледи

Во рамки на својата посета на Луксембург, денес премиерот, Зоран Заев се сретна со неговиот колега, Ксавиер Бетел. На средбата како што се информира, Заев посочил дека Луксембург е еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Владината прес служба информира дека Заев како принципиелен го оценил ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување.

„Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и го покани премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија да ги разговараат за време на прошетката низ градот“, се вели во владиното соопштение.

На средбата на премиерот Заев со Бетел присуствувал и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Слични содржини