Заев: Македонија победува!

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

timthumb (3)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил напиша: „Македонија победува“.

Во Клубот на пратеници при крај е лидерска средба на која се договара дали се исполнети условите за предвремени избори. Можен датум е 11.декември. Се пишува договорот кој лидерите ќе го потпишат.

Никола Груевски претходно изјави дека прифаќаат се што предложи СДСМ, а тоа е Санта Аргирова да биде уредник на Информативната програма на МТВ и методологијата за набљудување на медиумите во предизборниот период.

Љуљзим Хазири, најверојатно ќе биде петтиот член на ад хок телото за медиуми.

zaev