Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.
– Човештвото денес е исправено пред други битки. Борбата за целосно справување со пандемијата со КОВИД-19, или за спречување на нејзино проширување, е и битка за трансформацијата на светот во заедница на народи еднакви во користењето на ресурсите и придобивките на хуманоста. Инклузивен свет заснован на почитта кон секој поединец и кон секоја заедница.Денес мирот се слави и со разобличување на дезинформациите и лажните вести, како и со и спротивставување на говорот на омраза и на делата предизвикани од омраза преку интернет и офлајн.
Мирот се слави и се негува низ дијалог, со сочувство, љубезност и надеж, и со тие вредности секој од нас треба да знае дека може да биде дел од решенијата за мир и помирување. пишува на ФБ премиерот Заев.