Заев: Мицкоски нема храброст да решава проблеми

од desk4
224 прегледи

Мицкоски нема храброст да решава проблеми. Дејствува против државата против стратешките интереси. Го кочи носењето на Законот за СЈО. Граѓаните ги надитрија лагите на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ немаат став и не знаат што сакаат, изјави вечерва во интервју премиерот Зоран Заев.

Се борев и се борам за Македонците и за Албанците и за сите граѓани во ова наше заедничко општество.

Граѓаните не бираат за да носиме одлуки, а тие се носат дома, низ комуникација со своите граѓани, во интерес на граѓаните.

Бевме заробена држава сега сме блескав пример. Не го кажувам само јас тоа , туку го кажуваат и Хан и новите шефови на ЕУ, целата меѓународна заедница. Ние сме рекорд на патото за НАТО и ратификација на протколот, за само 5-6 месеци преку 20 земји го ратификуваа, а други чекале по година и половина.

Пред две години бевме на праг на граѓанска , цивилна ама не меѓуетничка војна  и денес сме горди што одиме напред со демократскиот свет.

Нашата земја е потврда за атрактивноста на Европската Унија