Заев: Младите нѐ инспирираат со нивните дела за иднината

од Vladimir Zorba

Често велиме дека нашите храбри дела ги правиме за да им оставиме иднина на младите и за да ги инспирираме да градат пријателства.
Но, уште поубаво е кога и младите нѐ инспирираат нас со нивните дела за иднината, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Ми беше драго да ја запознаам Јана Ритер – добитничка на младинската награда на Вестфалија за нејзините заложби со „Plant for the Planet“, додаде тој.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, ќе биде доделена од страна на претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Слични содржини