Заев: Мора теренска проверка и чист избирачки список

од desk4
129 прегледи

Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК,  вели Зоран Заев, лидерот на СДСМ од Радовиш.

-Заев

Без прочистување на Избирачкиот список нема фер, регуларни и демократски избори. Затоа нема дилема. Стоиме на браникот на правичноста, на вистината. Тоа што е за теренска проверка мора да оди на теренска проверка. Се друго е неприфатливо, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш.

Заев, во придружба на претседателот на социјалдемократската младина,  Стефан Богоев, разговараше со младите од Радовиш за нивните проблеми и за решенијата од програмата на СДСМ.

– Ќе отвориме бизнис инкубатори во сите региони. Секој млад човек што има бизнис идеја да отвори свој бизнис државата ќе го поддржи со неповратни 10 илјади евра, рече Заев, кој им порача на младите дека промените ќе се случат на слободни, фер и демократски избори.

Според Заев, ова е моментот на ставање на темелите на иднината на Македонија. – Ако има прочистен Избирачки список и реформи во медиумите, на 5 јуни ќе се случат промените, рече Заев во Радовиш